Еве кога ќе започне исплатата на августовските пензии

од Берта Китинска

Владата информира дека по усвојувањето на Информацијата за исплата на пензии за месец август 2022 година од Министерството за труд и социјална политика, се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 29.08.2022 година.

Исто така се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).

Слични содржини