Еве што не можат хороскопските знаци да поднесат во врските

Луѓето често наоѓаат различни причини за да ја прекинат врската, но доколку верувате, хороскопот игра голема улога во тоа. Секој хороскопски знак има нешто што едноставно не можат да го поднесат во врските.

Овен: Посесивност

Независните овни најтешко ја поднесуваат посесивноста на партнерите и се чувствуваат заробено. Личностите родени во овој знак не се одрекуваат од својата слобода и не толерираат никој кој ги гуши, дури ни од љубов.

Бик: Непочит

Гордите бикови од другите очекуваат да ги ценат, а оние кои не се согласуваат со тоа, за нив нема место во животот на бикот. Дури и ако е некој кој многу го сакаат, нивните чувства можат да се сменат и при најмалиот знак за непочит.

Близнаци: Резервиранот

Личностите родени во овој знам сакаат да излегуваат и да водат активен социјален живот. Некој кој е повлечен и не е друштвен, тешко дека ќе може да ги следи и ниту малку не им одговара.

Рак: Затвореност

Емотивните ракови сакаат да покажуваат чувства и од партнерот истото го очекуваат. Исто така, не сакаат тајни и сакаат се да делат, па емотивно затворените и резервирани личности тешко ќе опстојат во врска со нив.

Лав: Срамежливост

Лавовите обожуваат да бидат во центар на внимание и не сакаат да се одречат од тоа ниту за срамежливиот партнер. Повеќе ги ценат самоуверените личноси кои не се осмелувааат да ги засенат.

Девица: Расивност

Амбициозната девица во животот најважни и се кариерата и успехот. Затоа со личностите кои не се амбициозни, односно кои се пасивни, едноставно не можат да најдат заеднички јазик, па во врската со таква личност се чувствуваат несфатено и несреќно.

Вага: Негативност

Вагите светот го гледаат низ розеви очила и сакаат да бидат опкружени со луѓе слични на нив кои ќе им даваат позитивна енергија. За негативност и драма во нивните животи нема место, како ни за луѓето кои ги носат.

Скорпија: Неискреност

Скорпиите не поднесуваат лаги. Лажењето за нив е една од најлошите особини, а доколку го фатат партнерот дека ги лаже, тоа значи крај за нивната врска.

Стрелец: Мрзливост

Родени авантуристи, стрелците се секогаш подготвени за некаква акција и сакаат што повеќе да го искористат секој ден. Партнерот кој нема да може да ги следи, тешко дека ќе издржи со нив, а и ним ќе им пречи некој кој е мрзелив и кој сака да ги спушти на земја.

Јарец: Неодговорност

Личностите родени во овој знак се најодговорните во своето друштво поради што не се многу популарни, но тоа не им е важно. Иако се навикнати да го добиваат тоа од пријателите, од партнерот не сакаат неодговорност. Напротив, неодговорноста воопшто не ја толерираат.

Водолија: Практичност

Водолиите се родени сонувачи и најчесто не пораснуваат до крај. Практични и реални луѓе воопшто не ги привлекуваат, а доколку се најдат во врска со личност која постојано ги спушта на земја, веднаш ќе прекинат.

Риби: Нечувствителност

Емотивните риби најчесто ги кријат своите чувства од другите, но затоа бараат партнер кој ќе може во потполност да им се отвори. Имаат одбивност кон луѓе кои се емоционално недостапни и немаат разбирање за туѓите чувства.

Слични содржини