Еве што се случува во вашиот организам кога ќе ПРЕТЕРАТЕ СО ПИЕЊЕ ПИВО

од Stefanija Kuzmanovska

Ако сте љубители на пиво и понекогаш сакате да уживате дури и премногу во него, треба да ги знаете овие седум работи.

1. Неколку минути по конзумирање пиво

По консумирањето, алкохолот патува низ телото до желудникот каде што се апсорбира во крвотокот и стигнува до мозокот и мускулите.

2. По 10 минути

По 10 минути, телото го препознава алкохолот како отров и не сака да го депонира, се обидува да го разгради и да се ослободи од него што е можно поскоро.

3. По 15 минути

Желудникот почнува да го разградува алкохолот за да го отстрани од телото и со тоа почнува да произведува ензим наречен алкохолна дехидрогеназа кој го претвора алкохолот во други хемиски соединенија. Оваа конверзија исто така вклучува ацеталдехид, високо токсично соединение што предизвикува мамурлак следниот ден.

Алкохолот се претвора во оцетна киселина и вода. Со понатамошно разградување во масните киселини и водата, кои се прифатливи за организмот ние се отрезнуваме. Ако пиеме повеќе отколку што може да поднесе црниот дроб, стануваме пијани.

4. По 20 минути

По 20 минути, почнуваме да ги чувствуваме општите симптоми на делувањето на алкохолот, леснотија во главата и сме преплавени од среќа.

5. По 45 до 90 минути

По 45 до 90 минути, дејството на алкохолот е на својот врв.

6. По 60 минути

По 60 минути имаме потреба да одиме во тоалет бидејќи алкохолот е диуретик, така што бубрезите го насочуваат пијалокот директно во мочниот меур, па затоа мора почесто да уринираме и поради тоа дехидрираме.

Ако престанеме да пиеме ќе се чувствуваме поспани или уморни, а ако заспиеме пијани тоа е лошо за нас бидејќи телото е дехидрирано.

7. По 12 до 24 часа

По 12 до 24 часа, кога ќе се разбудиме, веројатно ќе почувствуваме симптоми на мамурлак: главоболка, вртоглавица, жед, бледило и треперење и симптоми предизвикани од дехидратација. Причината е што нашето тело сè уште се бори со алкохолот што е во нашето тело.

Слични содржини