Еве зошто Ибрахимовиќ му кажа на Лукаку да го прави „неговото вуду-ср*ње“

од Stefanija Kuzmanovska

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку влегоа во жесток судир за време на натпреварот помеѓу Интер и Милан (2: 1) во Купот на Италија, а Ибра во жештината на дебатата му порача на својот поранешен соиграч да оди и да ги прави „неговите вуду-ср*ња“. Сега е откриено и зошто.

Конфликтот и речиси физичката пресметка се случија непосредно пред крајот на првото полувреме, а по судискиот свиреж, Лукаку го повика Ибрахимовиќ да се најдат надвор, на што тој одговори – Добро, јави ѝ се на мајка ти!

После тоа, Белгиецот ги изгуби нервите, и по секоја цена сакаше физички да се спротивстави на искусниот шведски офанзивен играч, кој потоа продолжи со – Направи го твоето вуду ср*ње.

Некои го карактеризираат како расистички испад на Златан, но италијанските медиуми го демантираат, повикувајќи се на наводите на официјалниот претставник на Евертон, Фарад Мошири, кој во 2017 година изјави дека Лукаку го одбил новиот договор поради вуду порака.

„Му понудивме подобар договор од Челси и неговиот агент дојде да потпише. Сите беа таму, неколку новинари пред протосријата, а потоа на Ромелу му звонеше неговата мајка. Тој потоа се врати со зборовите дека вуду магијата му кажала дека мора да оди во Челси“, изјави Мошори.

Лукаку категорично ја отфрли изјавата на Мошири и му се закани дека ќе го тужи за овие зборови, а после тоа, наместо да оди во Челси, тој замина во Манчестер Јунајтед.

Портпарол на белгискиот напаѓач исто така ги нарече тврдењата глупост.

„Одлуката на Ромелу нема никаква врска со вуду магијата. Тој е католик и вуду магијата не е дел од неговиот живот и верувања. Тој едноставно немаше верба во проектот Евертон, поради што не потпиша нов договор. Тој сакаше да направи нов чекор во својата кариера, а фактот што не продолжи да соработува со Евертон му овозможи да ја обликува својата судбина“, беше наведено во тогашното соопштение.

Слични содржини