Еве зошто Јелена и Душко разделени ќе ја дочекаат 2020 година

од Elena Daskalova

Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ нема заедно да ја дочекаат 2020 година затоа што нивните ангажмани се поделени на различни континенти.

Имено, Тошиќ на 30 декември мора да замине во Кина, за подготовките за следната сезона. Јелена пак, ќе настапува во хотелот Хајат, а со неа ќе бидат и ќерките Ника и Атина. Тие преку Скајп ќе му честитаат Нова година на нивниот татко.

Минатата година тој немаше вакви обврски во Кина, па беше со своето семејство за празниците. Но, нештата се поинакви и ова е првпат после подолго време семејството да е разделено за Нова година.

Неодамна, во интервју за магазинот Хелоу, Јелена откри дека како за неа, оваа година била многу стресна за целото нејзино семејство. На прашањето дали треба да се остане во брак поради децата, таа одговорила:

„На Душко му дадов безброј шанси. Не сум сигурна дека и тој би го направил за мене истото. Ние жените сме потолерантни и сме поголеми будали“, изјавила Карлеуша.

Слични содржини