Еве зошто треба почесто да јадете печурки

од Nikola Popovski

Печурките се многу корисни бидејќи позитивно делуваат на здравјето поради нивната хранлива вредност.

„Печурките се богати со витамин Д, кој е исклучително корисен. Недостатокот на овој витамин е поврзан со замор, нарушено здравје на коските, намалена функција на имунолошкиот систем и зголемен ризик од хронични болести, вклучително и одредени видови на рак“, вели нутриционистката Никол Стефану за „Eat This, Not That“.

Истражувањето објавено во стручното списание „Food Science & Nutrition“ покажа дека со редовно консумирање печурки внесувате доволно количество микронутриенти во организмот без да ги зголемите калориите, мастите или натриумот. Печурките се богати со селен, хранлива материја која има антиоксидантни својства кои помагаат да се намали секаков вид на воспаление, пишува „Кликс“.

Добро делуваат и на работата на цревата, односно на дигестивниот систем.

„Многу студии покажаа дека печурките делуваат како пробиотици. Не само што го подобруваат варењето, туку можат да бидат корисни и за луѓето со дијабетес. Имено, печурките имаат способност да менуваат одредени цревни бактерии и на тој начин ослободуваат инсулин од бета-клетките на панкреасот“, додала таа.

Луѓето кои јадат печурки имаат помала веројатност да страдаат од депресија. Истражувачите го припишуваат ова на многуте биоактивни соединенија во печурките, вклучително и витамин Б12 и антиоксиданси.

„Поради нивните лековити својства, печурките се користат во медицината повеќе од 2.000 години. Тие содржат соединенија кои предизвикуваат имунолошки одговор на повеќе нивоа – слично на група војници кои водат седум битки истовремено. „Печурките се познати по својата широка палета на биоактивни состојки, пред се по бета-глуканите кои го зајакнуваат имунитетот“, заклучила таа.

Слични содржини