Evergrande се договори со инвеститорите

од Vladimir Zorba

Главната компанија во сопственост на групацијата Evergrande, Hengda Real Estate Group, објави во средата дека постигнала договор со сопствениците на обврзниците, што помогна да се смират тензиите предизвикани од можноста овој кинески гигант да не ги подмири своите долгови и на тој начин да предизвика финансиски хаос на глобално ниво.

Централната банка на Кина му помогна на банкарскиот систем со издвојување на околу 14 милијарди долари, а финансиските пазари во Кина се стабилизираа и повторно се отворија по дводневна пауза за време на Фестивалот на есента, пренесува Ројтерс.

Групацијата Hengda ќе плаќа камата за обврзниците што доспеваат во септември 2025 година, се вели во соопштението на компанијата. Оваа обврзница веќе е решена преку приватни преговори, додаде компанијата. Се очекува групацијата Evergrande да плати камата од 36 милиони долари за обврзниците.

Меѓутоа, оваа кинеска компанија не го споменува плаќањето на каматата на доларската обврзница во износ од 83,5 милиони долари, која доспева утре, како и 47,5 милиони долари, кои доспеваат следната недела.

Презадолжената кинеска компанија е толку испреплетена со пошироката кинеска економија што се појави страв од глобална криза на глобалните пазари на акции и обврзници.

Се чини дека акциите на Hengda го стабилизираа поширокиот пазар на акции, додека фјучерсите поврзани со индексот S&P500 се зголемија.

Evergrande, која беше водечка кинеска компанија за развој и изградба на недвижности, должи околу 300 милијарди долари, главно на инвеститорите.

Слични содржини