Евертон и Арсенал во битка за Рабио

од Aleksandar Petrovski

Евертон и Арсенал сакаат да го привлечат играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио во своите редови. Засега „бјанконерите“ немаат намера да се разделат со играчот, но би го продале при добра зделка.

Карло Анчелоти е заинтересиран да го доведе Рабио во Евертон, откако претходно соработуваа заедно во Пари Сен Жермен. Арсенал, исто така, го идентификуваше играчот од средниот ред, кој не може да се прилагоди на животот во Италија.

Според медиумите во Италија, доколку некој тим сака да го има францускиот халф во своите редови, ќе треба да оддели сума од околу 25 милиони евра. 24-годишниот играч од средниот ред оваа сезона има одиграно 12 натпревари за Јувентус, но има проблеми во и надвор од теренот.

„Старата дама“ би сакала да продаде еден од своите играчи од средниот ред за време на зимската пауза, но Јувентус е многу поверојатно да се раздели со Емре Џан отколку со Рабио.

Слични содржини