Евертон се раздели со спортскиот директор, изрази поддршка за Рафа Бенитез

од Vladimir Zorba

Евертон го разреши Марсел Брандс од функцијата спортски директор на клубот. Веста за претстојната разделба вчера ја објавија англиските медиуми, а доцна вечерта и официјално ја потври клубот од Мерсисајд.

„Сакам да му посакам успех на Евертон. Убеден сум дека тимот е во состојба да ја поправи моменталната ситуација. Ми беше чест да работам во овој фантастичен клуб”, изјави Марсел Брандс. 59-годишниот Холанѓанец работи во Евертон од 2018 година. Пред тоа, тој беше спортски директор во ПСВ Ајндховен и АЗ Алкмар.

Во официјалното соопштение за разделбата од Бранд, клубот додаде дека сопственикот и Управниот одбор продолжуваат да имаат целосна доверба во менаџерот Рафаел Бенитез.

Слични содржини