Евертон во последен момент се откажа од Переира, Руни повторно во игра

од Vladimir Zorba

Сопственикот на Евертон, Фарад Мошири, во последен момент се откажал од назначувањето на Витор Переира за да го наследи Рафаел Бенитез како менаџер на тимот од „Гудисон Парк“. Вчера се појави информација дека Португалецот лета за Велика Британија на втор круг разговори, откако успешно го поминал првото интервју за работа минатата недела. Букмејкерите под влијание на оваа вест, исто така, го идентификуваа Переира како најголем фаворит за оваа функција.

Според „Мирор“, Мошири и Алишер Усманов, кои разговарале со Переира во Монако викендов, биле импресионирани од Португалецот, но неговото можно назначување предизвикало силно противење кај некои членови на управата, кои стравуваат да не се повтори сценариото со Рафа Бенитез .

Поради тоа, клубот одлучи во следните 24 часа да истражува и други можности. Според „Мирор“, тука е и Вејн Руни, кој беше на списокот од почетокот, но се уште не е интервјуиран. Евертон ќе има последен разговор со белгиската федерација за можноста да го назначи Роберто Мартинез. Френк Лампард веќе е интервјуиран, но може да биде повикан на ново интервју. Другите двајца силни кандидати се Руди Гарсија и Нико Ковач, кои пак, исто така, ќе бидат поканети да ги одржат своите презентации.

Доколку сега не успеат да назначат постојан менаџер, Гудисон размислува за привремена опција до крајот на сезоната, копирајќи го пристапот на Манчестер Јунајтед со Ралф Рангник. Засега Данкан Фергусон продолжува да ја игра оваа улога.

Слични содржини