ЕВН ја исклучи струјата на „Железници“

од Nikola Popovski

„ЖРСМ Транспорт“ информира дека утрово ЕВН ја исклучила нивната струја во депото во Лисиче и во објектите во Велес поради неплатен долг.

Оттаму најавуават дека исклучувањето на струјата ќе повлече и прекин на сообраќајот што ќе се случи откако ќе биде потрошена нафтата во возовите. Без објектите каде е исклучена струјата, појаснуваат, не може да функционира претпријатието, бидејќи тука се снабдуваат возовите со нафта, а пумпата работи на струја.

Премиерот Димитар Ковачевски завчера информираше дека ќе се плати долгот за електрична енергија кон ЕВН на одредени државни и јавни институции како Клиничкиот центар, судовите, затворите.

-Долгот ќе се плати. Тоа се буџетски организации кои што заради зголемената цена на струјата, која е десет пати зголемена. Владата направи прераспределба на финансиски средства и доставени до Собранието со цел да се овозможи непречено функционирање на овие институции, рече кратко премиерот како одговор на новинарско прашање.

Вкупниот долг на државните и јавни институции за струја е над 40 милиони евра. Поради тоа се најавуваше дека без струја можат да останат затворите, судовите, Зоолошката градина,  факултетите и други институции.

Слични содржини