ЕВН ја промовираше платформата за дигитално учење

од desk2

ЕВН ја промовираше платформата за дигитално учење што ќе ја користат учениците од ЕВН паралелките во Скопје и Гостивар. Првпат во дуалното образование се воведува ваквиот начин на учење што ќе го подигне нивото на образование. Платформата е презентирана пред членовите на Европската алијанса за практикантство, министерот за образование и наука Арбер Адеми и други учесници на четвтиотот Регионален семинар за едукација за земјите кандидати.

– Се заблагодарувам на компанијата ЕВН и на училиштето „Михајло Пупин“ за сето тоа што досега го направија за учениците, што континуирано се заложуваат за создавање што подобри и поквалитетни генерации, преку постојан влог во наставата, во мотивацијата на учениците преку стипендирање и обезбедување можности за вработување, како и преку вложување инфраструктурните услови, рече Адеми.

Како плод на оваа соработка, како што рече Адеми, станува достапна уште една новина, нова е-платформа за управување со учење (Канвас) која е широко прифатена во светот и која ја унапредува дигиталната средина за учење.

Системот за управување со учењето (Canvas) е предвиден да им помогне на наставниците да воведат иновации во подучувањето, а учениците да постигнат подобри резултати. Со него се овозможува поефикасно и поефективно образование кое истовремено е и привлечно за учениците од секој можен аспект.

– Бевме првите кои храбро влеговме во промоцијата на дуалното образование и сега сме први во воведувањето на модерните технологии за едукација на нашите ученици, изјави на промоцијата претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер.

Рече дека нивна цел е европските стандарди за едукација да бидат дел од македонското образование.

– Среќни сме што ќе можеме на младите да им ги овозможиме најдобрите услови за едукација, развој и вработување. Се надевам и другите ќе го следат примерот со што дигиталниот свет ќе стане нераскинлив дел од образовниот процес, рече Петер.

Платформата за управување со учењето е создаден со цел зголемување на можностите на наставниците и поголема вклученост на учениците, со што им овозможува основа за понатамошно самостојно развивање, пристап кој го применуваат институциите ширум светот. Дигиталното учење е дел од Проектот „20-20-20“ преку која ЕВН во електротехничките училишта во Скопје и Гостивар формираше кабинети и тренинг центри за едукација на електро-монтери и електро-техничари кои по завршувањето на нивното образование и практикантската работа во ЕВН ќе добијат понуди за работа во компанијата.

Слични содржини