Евра: Конте требаше да го води Манчестер Јунајтед, а не Тотенхем

од Vladimir Zorba

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, смета дека Антонио Конте требал да ги води „црвените ѓаволи“, а не Тотенхем. Тој е разочаран што клубот пропушти неколку можности да назначи врвен менаџер, а во минатото ги пропушти дури и Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

„Срцето ме боли. Причината е што гледам тренери како Конте, Клоп и Гвардиола кои се најдобри во светот во моментов и можевме да донесеме еден од нив во Манчестер Јунајтед. Но, некои луѓе во клубот рекоа: „Ова е не е наш стил, тоа не е она што го бараме во моментов.“ Ајде да видиме како ќе се справи Ерик тен Хаг. Тој ја има мојата целосна поддршка. Но, дури и да назначеа готвач за менаџер на Јунајтед, јас сепак ќе го поддржев“, изјаи Евра пред „Мирор“.

Тој потоа продолжи на темата за Конте: „Многу сум разочаран бидејќи сум убеден дека можеше да постигне нешто огромно во Манчестер Јунајтед. Видовте што направи во Тотенхем, им помогна да се квалификуваат за Лигата на шампионите. Затоа велам ме боли. И тука не го потценувам Тотенхем – и мене ми се допаѓаат – но поентата е дека Конте можеше да постигне многу во Манчестер Јунајтед“.

Слични содржини