Евра: Не ме земаа во ПСЖ, мислеа ќе крадам во соблекувалната

од Vladimir Zorba

ПАТРИС ЕВРА е еден од најдобрите леви бекови во современиот фудбал. Поранешниот француски фудбалер има играно за Монако, Манчестер Јунајтед и Јувентус од поистакнатите клубови, а за Франција има играно 81 пати од 2004 до 2016 година.

Кариерата ја започна во италијанскиот нисколигаш Марсала, а потоа преку Монца замина во Монако. Оттука започна неговиот подем. Евра сега откри дека бил на проба во ПСЖ во раните фази од кариерата, но не поминал поради бизарна причина.

„Бев на проба во ПСЖ и тие не ме примија. Дечкото ми рече дека сум навистина добар, но премногу мал, и му сметаше од каде доаѓам. Тој ми рече во клубот не сакаат да крадам во соблекувалната“.

Евра беше англиски шампион со Јунајтед пет пати и еднаш ја освои Лигата на шампионите. Со Јувентус, тој беше двапати шампион на Италија.

Кариерата ја заврши пред три години како играч на Вест Хем.

Слични содржини