Еврејските верници од „Лев Тахор“ во Куманово биле депортирани од БиХ

од Nikola Popovski

По талкањето низ голем број европски земји од кои биле депортирани, вклучително и Босна и Херцеговина, членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор се населиле во С. Македонија, пишува „N1“.

Групата во последните месеци мигрирала од една во друга земја, најмногу во источна Европа, а пред десетина дена по престојот во БиХ, како што јави телевизијата „N1“, биле депортирани.

Како што пишуваат странските и регионалните медиуми, групата потоа кратко престојувала во Црна Гора, па тргнала за Албанија, а моментално е во Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денес изјави дека граѓаните се вознемирени затоа што членовите на еврејската заедница се движат во големи групи и се облекуваат неконвенционално.

-Тоа е секта која потекнува од Израел. Во Куманово се добредојдени ако ги почитуваат прописите и правилата во градот. МВР е органот кој дава времена дозвола за престој. Во рок од 48 часа доколку не сте сместени во хотел мора да се пријавите во подрачното одделение на МВР, или да ве пријават хотелските служби доколку сте во хотел, информира Димитриевски.

Во текот на вчерашниот ден се огласија и од МВР.

– Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница. Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава, соопштија од СВР Куманово.

Слични содржини