Евроамбасадорот Гир: Дивоградбите на охридското крајбрежје треба да се урнат

од Берта Китинска

Силна поддршка за акцијата на Општина Охрид за уривање на нелегалните градби на плажите на Охридското Езеро стигна од амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

„Дивите градби немаат место покрај Охридското Езеро и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство во регионот – признат од УНЕСКО – мора да се зачува. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во рабтотни места во угостителската индустрија денес и утре. Владеење на законот“, објави на „Твитер“ Гир.

По објавениот твит, охридскиот градоначалник упати јавна благодарност до амбасадорот на ЕУ за поддршката.

-Упатувам јавна благодарност до амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир за неговата силна поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ, ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето, напиша на Фејсбук Константин Георгиески.

Слични содржини