Европа е првиот регион во светот што преминал 50 милиони заразени со коронавирус

од desk4

И требаа 194 дена да се зарази од 25 до 50 милиони, додека за првите 25 милиони и беа потребни 350 дена.

Европа на почетокот на оваа недела стана првиот регион во светот кој преминал на 50 милиони заразени со коронавирус, податоците се собрани од Ројтерс, додека делта варијантата се шири и го зголемува бројот на дневни инфекции.

Европскиот регион секој осми ден има еден милион нови инфекции и од почетокот на пандемијата пријави скоро 1,3 милиони смртни случаи.
Делта варијантата, која е многу позаразна од оригиналната верзија на коронавирусот, е откриена во околу 100 земји и сега е доминантна во светот.

Европските пазари стравуваат дека варијантата делта може да го забави глобалното економско закрепнување.

„Инвеститорите се многу загрижени дека може да се случи уште едно затворање за еден месец или два“, рече Рас Молд, директор за инвестиции во AJ Bell.

Европа има 27 проценти од случаите на коронавирус ширум светот и 31 процент на смртни случаи.

На регионот му беа потребни 194 дена да се зарази од 25 до 50 милиони, додека за првите 25 милиони беа потребни 350 дена.

Русија и Франција се приближуваат до бројката од шест милиони заразени од почетокот на пандемијата.

Англија во понеделникот ги укина скоро сите мерки, но т.н. Денот на слободата е обележан од зголемен број заразени лица и лоша прогноза.
Франција ја имаше една од најстрогите заклучувања во Европа и сега бара потврда за вакцинирање за да влезе во повеќе места од почетокот на август, како и задолжителна вакцинација за здравствените работници. Тоа предизвика големи протести во земјата викендов.

Холандија минатата недела објави дека упатствата за работа од дома се повторно во сила, само неколку недели по неговото укинување, како и некои ограничувања кога станува збор за барови, ресторани и ноќни клубови.

Грција бара од посетителите на рестораните и кафулињата да покажат потврда за вакцинација за да можат да влезат во внатрешноста.
Вкупно, светот бележи повеќе од 190 милиони инфекции со коронавируси и четири милиони смртни случаи.

Слични содржини