Европа: Пораст на заболени во Шведска – Финска и Норвешка нудат помош

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска се соочува со голем пораст на бројот на заразени со коронавирус, а поради недостаток на медицински капацитети, соседните земји Финска и Норвешка понудија помош.

Сепак, Стокхолм мора официјално да побара помош со цел финските и норвешките здравствени работници да се вклучат во борбата против инфекцијата, пишува Фајненшл тајмс.

Здравствените власти во шведската престолнина, наводно, ги ангажирале сите достапни лекари, како и воените сили, за борба против епидемијата.

За време на првиот и вториот бран на коронавирусот, Шведска имаше значително поголем број на заразени лица од соседните Норвешка и Финска.

Некои го припишуваат тоа на „предилибералниот“ модел на контрола на пандемијата, кој не вклучуваше скоро никакви значителни рестриктивни епидемиолошки мерки во споредба со „локдаунот“ кој владееше во остатокот од Европа.

Само во декември Шведска досега има регистрирано околу 1.400 смртни случаи од ковид-19.

Во Норвешка, 100 лица починаа во истиот период, а во Финска, 80 лица.

Според извештаите од Стокхолм, болниците таму се соочуваат со многу големи проблеми, бидејќи 99 проценти од креветите на одделите за интензивна нега се полни, а здравствените синдикати предупредуваат дека голем број здравствени работници ги откажуваат договорите за вработување поради зголемени инфекции, хоспитализации и смртни случаи.

Слични содржини