Европа: Скоро 400.000 заразени во Русија, уште 738 заразени и 39 починати во Германија

од Nikola Popovski

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија во изминатите 24 часа се зголемил за 8.952 – на 396.575, објави денеска кризниот центар.

Русија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил.

Во исто време, бројот на опоравени пациенти се зголеми за 8.212, со што вкупно има 167.469 излечени, јавува агенцијата ТАС С.

Во последните 24 часа починале уште 181 лице, а вкупниот број на смртни случаи достигнал 4555.

Ден порано, во петокот, дури 232 луѓе починале од вирусот во Русија, што е најголем дневен број од почетокот на епидемијата.

Германија: Уште 738 заразени, 39 лица починале

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголемил за 738, на вкупно 181.196, според најновите податоци на Институтот „Роберт Кох“.

Бројот на смртни случаи се зголемил за 39 на вкупно 8.489, пренесува Ројтерс.

Слични содржини