Американците се повеќе лојални кон партнерот во споредба со Европејците, покажува новото истражување на навиките на двете групи во однос на неверството.
Ново истражување спроведено од DrEd.com, онлајн медицинска здравствена услуга, покажа дека 70% од Американците никогаш не го изневериле партнерот. Во истражувањето учествувале 500 Американци и 500 Европејци од Белгија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Португалија, Полска, Холандија, Италија, Франција, Германија и Австрија. Тие требало да одговорат на прашањето “Колку пати сте изневериле?” Со опциите “никогаш”, “еднаш”, два пати “, три пати”, “четири пати” или “повеќе”.
Резултатите покажуваат дека Европејците се неискрени, пишува “Индипендент”. Вкупно 31% од американските мажи признаваат дека изневериле партнер во одреден момент од животот во споредба со 49 отсто од Европејците. Кај жените 41% од Американките го лажеле партнерот, додека кај Европејките процентот достигнува 64%.