Европол откри фалсификувано вино и пиво во Македонија

од Nikola Popovski

Во операцијата „Опсон Х“, во која учествуваа повеќе од 70 земји, запленети се над 15.000 тони нелегални прехранбени производи во вредност од околу 53,8 милиони евра, објави Европол.

Во операцијата, координирана од Европол и Интерпол, биле опфатени 72 земји, вклучително и Македонија, со цел да се најде фалсификувана и неквалитетна храна и пијалоци.

Во периодот од декември 2020 година до јуни 2021 година, извршени се 68.000 проверки, издадени се 663 налози за апсење, претресени се 2.409 локации и откриени се 42 криминални мрежи.

Акцијата за откривање на лажен мед е спроведена во 17 земји, вклучително и во Србија, а вкупно се запленети над 51 тон лажен мед.

Запленети се 1,7 милиони литри фалсификувано вино, пиво и други алкохолни пијалоци во 22 земји, вклучувајќи ги Хрватска, Македонија, Италија, Франција, Грција, Шпанија и Португалија.

Нелегална продажба на коњско месо е откриена во Хрватска и во други шест европски земји.

Операцијата Опсон Х е поддржана од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ), Генералниот директорат на Европската комисија за здравје и безбедност на храна (ДГ САНТЕ) и Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост (ЕУИПО), како и националните регулатори на храна и партнери од приватниот сектор.

Слични содржини