Европол распоредил свои тимови долж границите на Украина за да спречи влез на терористи во ЕУ

од Vladimir Zorba

Европол во петокот објави дека распоредил свои тимови долж границите на Украина и нејзините соседни земји за да спречи криминалци и „терористи“ да влезат во Европската унија со бран бегалци.

„Со цел да се заштитат Европската унија и украинските бегалци од криминални закани, Агенцијата на Европската унија за соработка на органите за спроведување на законот (Европол) распореди оперативни тимови долж соседните земји на Украина“, се вели во соопштението.

На барање на Литванија, Полска, Романија, Словачка, Молдавија, Европол веќе има распоредени свои агенти таму, а наскоро ќе ги има и во Унгарија.

Овие тимови, кои вклучуваат експерти на Европол и надворешни соработници на Агенцијата, им помагаат на властите на овие земји да ги следат надворешните граници на Европската унија и да спроведат истраги.

Тие собираат информации на терен за да ги идентификуваат криминалците и терористите кои се обидуваат да влезат во ЕУ во бегалскиот бран и да профитираат „од ситуацијата“, се вели во соопштението на Европол.

Слични содржини