Европол: Разбиена мрежа на шверцери на дрога претежно составена од Албанци

од Vladimir Zorba
390 прегледи

Во заедничка акција на Европравда, Европол и органите на прогонот во Германија, Италија и Холандија, разбиена е мрежа на шверцери на дрога главно составена од албански државјани, а во таа прилика беа уапсени 35 осомничени и претресени 51 место.

Во акцијата учествувале повеќе од 600 полицајци, а криминалната мрежа наводно е одговорна за големиот шверц на кокаин и канабис од Јужна Америка во Европа и негова понатамошна дистрибуција низ Европската унија, објави Европол.

Исто така, познато е дека сторителите користеле насилство, вклучувајќи тортура и киднапирање за изнуда.

Слични содржини