Европратеничка: СПЦ не постои

од Nikola Popovski

Европратеничката Виола фон Крамон на својот Твитер профил објави дека денеска разговарала со српскот епископ од дизелдорфската Епархија и на цела Германија Григориј.

„Конструктивна и отворена дискусија со Григориј, епископ на Српската православна црква, епархијата од Дизелдорф и цела Германија, за заедничките предизвици и меѓурелигискиот дијалог во Западен Балкан и Германија“, напиша Фон Крамон на Твитер, објавувајќи слика од средбата.

Одговарајќи на коментар на Твитер дека Српската православна црква е проруска, Фон Крамон напишала дека СПЦ не постои.

„Не постои Српска православна црква, тоа се автономни епархии, наспроти католичките. Разговарајте со епископот и ќе се изненадите“, одговорила таа.

Слични содржини