Европратеници бараат истрага против Вархеји

од Vladimir Zorba

Претставникот на холандската Лабуристичка партија и европратеник Тијс Ројтен вчера на Твитер најави дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент сака истрага против европскиот комесар за добрососедство и проширување на Европската унија (ЕУ) Оливер Вархеји.

Меѓу другото, тој наведе дека истрагата се бара поради извештајот во кој се наведува дека Вархеји намерно ја поткопува важноста на демократските реформи и владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ.

Комитетот за надворешни работи бара независна и непристрасна истрага за тоа дали однесувањето и политиките на еврокомесарот за проширување претставуваат кршење на Кодексот на однесување на членовите на Европската комисија и должностите на комесарот за проширување, се вели во објава на Твитер.

Да потсетиме, еврокомесарот оваа недела беше во посета на Босна и Херцеговина.

Она што привлече внимание е средбата меѓу него и Милорад Додик, претседателот на РС.

На оваа средба на Додик му било ветено дека ЕУ ќе деблокира средства наменети за овој субјект во вредност од 600 милиони евра.

Оваа одлука многумина ја протолкуваа како попуштање и прифаќање на играта со уцени, пишува Аваз.

Слични содржини