Европратеници бараат оставка од Вархеји

од Radmila Tasevska

Европските пратеници бараат од комесарот за проширување Оливер Вархеји да поднесе оставка поради вчерашниот инцидент што се случи во Европскиот парламент додека комесарот одговараше на пратенички прашања за проширувањето со Западен Балкан.

Камерите го снимија унгарскиот комесар Вархеји како пратеници ги нарекува „идиоти“.

Откако одговорил на прашање од пратеник, седнал и наводно на унгарски рекол „колку уште други идиоти има?“

Дел од пратениците бараат и истрага за комесарот.

Вархеји денеска рече дека неговата изјава е „извадена од контекст“, („колку уште други идиоти има?“) која ја изговори откако одговори на прашање на хрватскиот претставник Томислав Сокол во дебатата за политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Слични содржини