Европска комисија: Заобиколувањето на санкциите на ЕУ да стане кривично дело

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија денеска предложи кршењето на санкциите на ЕУ да се додаде на листата на кривични дела, како и да се зајакнат мерките за конфискација на имотот на криминалците, вклучително и оние кои профитираат со кршење на рестриктивните мерки донесени во ЕУ.

Како нови потенцијални кривични дела се наведуваат дејствија или активности со кои се настојува директно или индиректно да се заобиколат рестриктивните мерки, вклучително и прикривање на имот, незамрзнување на средства кои припаѓаат, држат или контролираат одредени лица или ентитети, како и ангажирање во трговија со стоки опфатени со трговски забрани.

Брисел нагласува дека во моментов се во сила 40 рестриктивни мерки на ЕУ и дека додека трае руската агресија врз Украина, особено е важно рестриктивните мерки на ЕУ да бидат целосно спроведени и да се дозволи прекршувањето на тие мерки да биде исплатливо.

Слични содржини