Европска здравствена агенција: Вакцина за една година, тоа е оптимистичко сценарио

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцината против коронавирус може да биде готова за една година и тоа е оптимистичко сценарио, објави Европската здравствена агенција (ЕМЕА).


Агенцијата ја заснова својата претпоставка за податоци од голем број експерименти.

„Ако сè оди според планот, можеме да видиме дека вакцината ќе се добие за една година“, рече Марко Кавалери, шеф на тимот за пронаоѓање на вакцината.

Во меѓувреме, висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева предупреди за можноста новиот коронавирус да остане присутен во светот долго време без вакцини, бидејќи глобалниот имунитет ќе трае со години.

„Вирусот никогаш не може да замине“, рече Др. Мајкл Рајан.

Слични содржини