Европската агенција за лекови: Хлорокин и хидроксихлорокин само во „програми за итни случаи“

од Nikola Popovski

Антималарикот хлорокин и неговиот дериват хидроксихлорокин дериват можат да се користат само во третманот на Ковид-19 во клинички испитувања и во „програми за итни случаи“, предупреди денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).

Неколку држави во светот овозможија да препишат антивирусни лекови на пациенти со коронавирус , без да се чекаат резултатите од клиничките испитувања

Иако резултатите од првите студии во Франција и Кина ветуваат, ефикасноста на хлорокин и хидроксихлороин „допрва треба да се докаже“ и овие активни супстанции треба да се користат само во третманот на „Ковид-19“ во случај на крајна потреба, истакнува европска регулаторна агенција.

– Пациентите и медицинскиот персонал треба да користат хлорохин и хидроксихлороин само во одобрени индикации и во клинички испитувања и програми за итни случаи на национално ниво, објаснуваат тие.

Хлорокин и хидроксихлорокин, главно се користат во лекување на лупус и ревматоиден артритис, може да имаат сериозни несакани ефекти, особено ако се земаат во поголема доза од препорачаната или со други лекови.

Слични содржини