Европската комисија ќе побара од земјите-членки итно да распределат 120.000 бегалци по Европската унија, за подобро да се соочи со мигрантската криза, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, повикувајќи се на извори од ЕК.

evropska-komisija_201533016597
„Бидејќи воспоставувањето постојани механизми (за решавање на мигрантската криза) може да потрае, имаме особено итна ситуација во Италија, Грција и во Унгарија. Ќе предложиме итно распределување на 120.000 бегалци“, вели истиот извор.
Се очекува предлогот официјално да го поднесе претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на 9 септември, откако мерките ќе се разгледаат со другите комесари.
Елисејската палата претходно денеска соопшти дека Германија и Франција ќе предложат во Брисел „еднакви квоти“ во Европа.
„Француско-германската иницијатива има цел да осигура враќање на илегалните мигранти во нивните матични земји и поголема соработка со земјите кои служат како транзит за бегалците“, се наведува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд и се додава дека ЕУ треба да реагира „одлучно и во согласност со европските вредности“./МЕТА

Слични содржини