Европската комисија и обезбеди на Украина 1,5 милијарди евра како дел од годишниот пакет помош

од Radmila Tasevska

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, соопшти дека ЕК обезбедила исплата на уште една транша од макрофинансиската помош за Украина во износ од 1,5 милијарди евра.

„Денес и даваме на Украина уште 1,5 милијарди евра како дел од нашиот годишен пакет макрофинансиска помош“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа изјави дека ЕУ ќе продолжи да и помага на Украина да се спротивстави на руската агресија, да го поддржи функционирањето на украинските институции, како и да и помага во спроведувањето важни реформи.

Слични содржини