Европскиот комесар за единствениот пазар Тиери Бретон изјави денес дека Европската комисија не ги обновила нарачките за вакцини од компанијата „АстраЗенека“ по јуни, пренесува „Ројтерс“.
Европската комисија покрена тужба против „АстраЗенека“ минатиот месец затоа што не се придржуваше кон одредбите на договорот за испорака на вакцини против коронавирусот, пренесува „Танјуг“.
Британско-шведската фармацевтска компанија исто така е критикувана дека нема „сигурен“ план кој ќе овозможи навремено доставување на дозите.