Европската комисија повика на отворање преговори со Македонија и Албанија

од Nikola Popovski

Во пакетот за проширување усвоен денеска, Европската комисија наведе дека Албанија и Северна Македонија продолжуваат да ги исполнуваат условите за отворање пристапни преговори и дека двете земји постигнале напредок на реформскиот пат на ЕУ.

„Одложувањето на започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.

Нерешените билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да се решат како приоритет“, се вели во документот на Комисијата.

Европската комисија забележува дека е клучно земјите-членки на ЕУ да ги завршат дискусиите за преговарачките рамки со Скопје и Тирана без дополнително одложување и дека првите меѓувладини конференции со двете земји ќе се одржат „што е можно поскоро и пред крајот на оваа година“.

Фото: Alekseй Vitvickiй

Слични содржини