Европската комисија препорачува: Патувањето во ЕУ е дозволено за вакцинираните

од Nikola Popovski

Европската комисија денес издаде препорака на странските државјани кои се целосно имунизирани и на оние од земји со поволна епидемиолошка состојба да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ без посебни ограничувања.

„Покрај тоа, Комисијата предлага да се подигне прагот за земјите да влезат во списокот на оние од кои може да биде дозволено какво било патување“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Според сегашните регулативи на ЕУ, само на граѓаните од седум земји им е дозволено да патуваат во некоја од 27-те земји-членки, но денешниот предлог секако ќе го прошири тој список.

За да се ограничи ризикот од ширење на нови варијанти на коронавирусот, Европската комисија понуди и нова мерка „итна суспензија“, со која ќе се овозможи итна примена на ограничувања за патувања во сите земји каде епидемиолошката состојба нагло се влошува.

Земјите-членки на ЕУ треба да започнат со дискутирање на овој предлог утре и треба да се постигне целосен договор со цел предлогот да биде усвоен и да стане важечка регулатива.

Слични содржини