Европската медицинска агенција не го одобри новиот лек за Алцхајмерова болест

од Vladimir Zorba

Европската медицинска агенција (ЕМА) објави дека не го одобрила новиот лек „aducanumab“ против Алцхајмерова болест, бидејќи се покажал како неефикасен во лекувањето на возрасните со симптоми на рана фаза на болеста, пишува Би-Би-Си.

Добротворните организации посветени на пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест рекоа дека се разочарани од одлуката бидејќи таа остава илјадници луѓе без третман.

Лекот беше одобрен со контроверзии во јуни во САД и претставува прва нова форма на третман на болеста во последните 20 години.

Многу научници во тоа време рекоа дека има малку докази за неговите придобивки и покрај таргетирањето на амилоидот, протеин кој создава абнормални нодули во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест.

Производителот на лекот „Биоген“ има право да побара одлуката на ЕМА да се преиспита во следните две недели.

Не се знае дали компанијата ќе поднесе посебно барање за одобрување до британската агенција за контрола на лекови и здравствени производи.

ЕМА својата одлука ја заснова на истражување спроведено на повеќе од 3.000 пациенти со ран стадиум на Алцхајмерова болест, кое ги споредува ефектите на ниските и високите дози на лекот со плацебо.

Слични содржини