Европската унија ја зајакна контролата врз извозот на вакцини

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија во средата дополнително ги засили контролите врз извозот на вакцини против коронавирус, соопшти Европската комисија.

Според новите правила, ЕК може да ги запре испораките до земјите кои увезуваат од ЕУ, но не го извезуваат сопственото производство на вакцини, пренесува „Анадолија“.

Европската комисија, исто така, пред да го одобри извозот на вакцини, ќе процени дали епидемиолошката состојба или стапката на инокулација е подобра во таа земја или во блокот.

Начин ЕУ да го добие својот дел од вакцините
„ЕК ќе одлучува за секој случај поединечно. Ова не е забрана за извоз, туку е начин ЕУ да го добие својот еднаков дел на вакцините“, рече извршниот потпретседател на ЕК, Валдис Домбровскис на прес-конференција.

Од февруари, извршната власт на ЕУ издаде 380 дозволи и го ускрати извозот во само еден случај, кога „АстраЗенека“ сакаше да извезе 250.000 дози од вакцината во Австралија.

Вкупно, блокот одобри извоз на 43 милиони дози вакцини во 33 земји, претежно во Велика Британија (10,9 милиони дози), Канада (6,6 милиони дози) и Јапонија (5,4 милиони дози).

Слични содржини