Европски комесар: „Спутник V“ е добра вакцина, треба да се обезбеди производство во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тери Бретон рече дека вакцината „Спутник V“ е добра вакцина и дека е потребно да се обезбеди нејзино производство во ЕУ, пренесува „Спутник“.

„Спутник V е веројатно добра вакцина. Русија има добри научници, нема причина да се сомневаме во тоа. Тие доставија барање до Европската агенција за лекови, ќе видиме дали ќе биде одобрено“, рече тој.

Бретон додава дека на Русија ќе ѝ треба помош за да започне производство во ЕУ.

„Можам да ви кажам дека, очигледно, има проблеми со производството на вакцини во ЕУ. Постојат многу барања за производство во Европа, но сега сите производни линии се оптоварени со производство на вакцини кои се веќе одобрени од регулаторот. Но, мислам дека можеме да ѝ помогнеме на Русија во производството“, рече Бретон.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со тестирање на руската вакцина на 4 март. Извор запознат со процесот рече дека одлуката за конечно одобрување може да биде донесена во мај.

Слични содржини