23
Микел Мерино, играчот на Реал Сосиедад, оваа недела би требало да потпише договор со Арсенал.
Одличниот играч за врска не настапи на стартот од Ла Лига за Сосиедад и според многумина ова е сигурен знак дека заминува во Лондон.
Вредноста на трансферот ќе биде некаде околу 35 милиони евра. Мерино веќе играше во Премиер лигата, во сезоната 2017/18, за Њукасл, но не се прослави и се врати во Сосиедад, чиј член беше во изминатите шест сезони.
Летово со Шпанија го освои Европското првенство, а се прослави со голот против Германија во судиското продолжение, кој ја одведе неговата репрезентација до полуфиналето на континенталниот шампионат.