Европскиот парламент го осуди кршењето на LBTGQ+ правата во Катар

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот парламент денес изгласа резолуција во која изрази жалење поради извештаите за прекршување на правата на LGBTQ+ заедницата во Катар.

Европратениците, исто така, ги повикаа властите во Катар да спроведат целосна истрага за повредените и загинатите мигранти кои работеле на изградба на стадионот за Светското првенство, кое започна во неделата, пренесува „Ројтерс“.

Голем број европратеници носеа капитенски ленти со порака против омраза „OneLove“, кои требаше да ги носат капитените на седумте земји учеснички на Светското првенство, но се откажаа поради притисокот од ФИФА.

Слични содржини