Европскиот парламент конечно го потврди договорот за Брегзит

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот парламент го потврди договорот за Брегзит меѓу Европската унија и Велика Британија, објави претседателот на парламентот Давид Сасоли.

Договорот беше потврден со големо мнозинство гласови, со што се отстрани последната пречка за целосно ратификување на договорот.

Европратениците го поддржаа договорот за трговија и соработка со 660 гласа „за“, пет „против“ и 32 воздржани, објави парламентот во средата.

Гласањето се одржа во вторникот, но поради ограничувањата наметнати поради коронавирусот, не беше можно веднаш да се знаат резултатите.

Со тоа гласање се означува крај на четиригодишните преговори и дебата за заминувањето на Велика Британија по 47 години членство во Унијата.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен го поздрави зеленото светло на Европскиот парламент, порачувајќи преку твит дека неговото спроведување е клучно, пренесува „Хина“.

Слични содржини