Европскиот парламент предлага да се зголеми увозот на гас од Египет и Израел

од Vladimir Zorba

Европската комисија им предложи на земјите-членки на Европската унија договор со Египет и Израел за зголемување на увозот на природен гас од источниот Медитеран, се наведува во нацрт-документот од 7 јуни, до кој Ројтерс имал пристап.

Нацрт-меморандумот за разбирање, кој сè уште е предмет на промени и има потреба од одобрение од вклучените влади, е дел од напорите на ЕУ да го намали увозот на фосилни горива од Русија по почетокот на конфликтот во Украина.

„Природниот гас што ќе и се испорачува на Европската унија ќе доаѓа или од Арапската Република Египет, од државата Израел или од кој било друг извор во регионот на источниот Медитеран, вклучувајќи ги и земјите-членки на ЕУ во регионот“, се вели во документот.

Слични содржини