Европскиот регулатор: Неопходни се две дози вакцина против делта сојот

од Nikola Popovski

Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразниот делта сој брзо се шири низ целиот свет.

Две дози на вакцина се неопходни за заштита од делта сојот на коронавирусот, објави Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Според прелиминарните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од делта сојот“, се вели во соопштението на ЕМА.

„Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додаваат од ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер, Модерна и АстраЗенека.

Делта варијантата на коронавирусот, откриена во Индија, ќе опфати 90 проценти од случаите на коронавирус до крајот на август, се вели во соопштението на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Според податоците на овој центар во десет земји на Европската унија, близу 30 или повеќе проценти од луѓето над 80 години сè уште не ја примиле препорачаната вакцина.

Слични содржини