Европскиот суд ја потврди казната против Google за кршење на законот за заштита на конкуренцијата

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од највисоките судови на ЕУ денеска ја потврди казната од четири милијарди евра против Google за кршење на законот за заштита на конкуренцијата во 2018 година, објави АП.

Европскиот општ суд на правдата делумно ја потврди одлуката на Европската комисија да го казни Google со 4,34 милијарди евра поради попречување на конкуренцијата преку обезбедување на доминација на Андроид.

Европскиот суд објави дека казната од 4,12 милијарди евра е нешто помала од предлогот на Европската комисија, кој изнесуваше 4,34 милијарди евра.

Слични содржини