По вчерашните напорни средби на европските пратеници  Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл со високиот политички врв на Македонија и партиите, денеска во заедничко соопштенија изразија жалење за непостигнатиот косензус помеѓу политички партии. Тие се надеваат дека нивната медијаторска заложба  ќе овозможи да се идентификуваат критичните точки кои можат да дадат основа за да се дојде до конечен договор, кој ќе дозволи изборите да бидат кредибилни.

hovit
“Жалиме што не беше постигнат консензус помеѓу сите партии и се надеваме дека темите за кои ние како медијатори разговаравме со сите партии ќе помогнат да се идентификуваат критичните точки кои можат да дадат основа за да се дојде до конечен договор кој ќе дозволи изборите да бидат кредибилни”, велат пратениците.

Тие потсетуваат дека Итните реформски приоритети на Рајнхард Прибе треба да се применат како “клучни за да се задржи позитивната препорака на отворање на преговори за членство”. Тие бараат консензус од сите партии за примена на препораките на Прибе околу кои досега практично ништо не е направено освен законот за укажувачите.

Слични содржини