Европските складишта за гас ќе бидат полни до зима за десет пати повисока цена од лани

од Stefanija Kuzmanovska

Европските земји ќе успеат да ги наполнат своите складишта за гас пред зимата како што е планирано, но трошоците ќе изнесуваат повеќе од 50 милијарди евра, десет пати повеќе од просечните трошоци за полнење од претходните години, пренесе „Ројтерс“.

Европските влади стравуваат дека намалувањето на руското снабдување преку главниот гасовод – Северен тек 1 – ќе предизвика големи проблеми за Германија и другите земји во нивните напори да ги наполнат подземните гасни складишта.

Сепак, се чини дека Германците успеваат да ги наполнат со комбинирање на намалување на побарувачката, преминување на некои електрани на јаглен и зголемување на увозот на течен природен гас (LNG).

Просечното ниво на искористеност на европските складишта за гас минатата недела беше 70,5 отсто, според податоците на Gas Infrastructure Europe (GIE).

Европската унија планира до први ноември да има капацитет од 80 отсто за да обезбеди резерви за зимските месеци на најголема побарувачка. ЕУ, исто така, постави привремени цели за секоја земја и за секој месец.

Слични содржини