По нападите во Париз и во Брисел, европските служби за безбедност се во потрага по уште најмалку осум осомничени, соопшти денеска влијателниот германски весник „Ди Велт“, пренесе ДПА.

20160327.ikawrjijqr

Станува збор за исламисти, главно француски и белгиски, за кои се смета дека дејствуваат тајно во Сирија или во Европа, пишува весникот, цитирајќи извори од службите за безбедност.

Се претпоставува исто така дека тие биле во улога на луѓе за врска на „архитектот“ на париските терористички напади Абделхамид Абауд и неговиот соучесник Салах Абдеслам, уапсен неодамна во Белгија.

Германската федерална служба за криминални истраги (ВКА) учествува во антитерористичката операција, додава ДПА.

Резултатите од истрагите во Белгија и во Франција покажаа дека наводниот лидер на европската терористичка келија на ИД бил Алжирецот Мохамед Белкаид, убиен од белгиската полиција во полициската операција на 15 март.

Заедно со Наџим Лахруи, единствениот од бомбашите-самоубијци на бриселскиот аеродром, Белкаид се смета дека ги наведувал телефонски терористите, кои ги извршија терористичките напади во Париз. /MИА

Слични содржини