Еврото се задржа малку над паритетот во однос на доларот

од Vladimir Zorba

Курсот на еврото денеска остана релативно стабилен, откако вчера го достигна паритетот со доларот за прв пат по речиси 20 години.

Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава, европската валута се тргуваше по 1,0033 долари, приближно на исто ниво како и синоќа, објавија германските финансиски изданија.

Европската централна банка вчера одреди референтна стапка за еврото на 1,0042 долари.

Слични содржини