Евровизија: Северна Македонија сепак победник по гласовите од жирито

од Vlatko K

ЕБУ денеска на својот официјален сајт (https://www.ebu.ch/news/2019/05/ebu-issues-statement-oneurovision-song-contest-grand-nal-jury-result) објави дека настанала грешка при броењето на
гласовите од страна на белоруското жири, па нашата Тамара Тодевска всушност завршила на
првото место според гласовите на жирито со освоени 247 поени, наспроти Шведска со 241 поен.

„Следејќи ги стандардните практики за правна заштита ЕБУ може да потврди дека поради човечка
грешка се користеше неточен агрегиран резултат, што не влијаеше на пресметката на поените
добиени од жири комисијата во 41-те земји-учеснички како и на вкупниот победник, односно
четирите песни на врвот остануваат непроменети“, велат од ЕБУ.

„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што ни потврди дека поради грешка во Белоруското гласање,
нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви
опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!“, напиша пак Тамера Тодевска на Фејсбук по веста.

Вака изгледаат новите резултати:
Холандија (498 поени)
Италија (472 поени)
Русија (370 поени)
Швајцарија (364 поени)
Шведска (334 поени)
Норвешка (331 поен)
Северна Македонија (305 поени)
Азербејџан (302 поени)
Австралија (284 поени)
Исланд (232 поени)
Чешка (157 поени)

Данска (120 поени)
Кипар (109 поени)
Малта (107 поени)
Словенија (105 поени)
Франција (105 поени)
Албанија (90 поени)
Србија (89 поени)
Сан Марино (77 поени)
Естонија (76 поени)
Грција (74 поени)
Шпанија (54 поени)
Израел (35 поени)
Белорусија (31 поен)
Германија (24 поени)
Обединето Кралство (11 поени)

Промената очигледно има ефект врз неверојатно тесното гласање на жирито. Таму сега Северна
Македонија добива уште десет поени и ја надмина Шведска.

Резултатите од жирито од финалето се следниве:
Северна Македонија (247 поени)
Шведска (241 поени)
Холандија (237 поени)
Италија (220 поени)
Азербејџан (202 поени)
Австралија (153 поени)
Швајцарија (152 поени)
Чешка (150 поени)
Русија (126 поени)
Малта (87 поени)
Кипар (77 поени)
Данска (69 поени)
Франција (67 поени)
Грција (50 поени)
Исланд (46 бода)
Словенија (46 поени)
Албанија (43 поени)
Норвешка (40 поени)
Србија (35 поени)
Естонија (28 поени)
Германија (24 поени)
Белорусија (18 поени)
Сан Марино (12 поени)

Обединето Кралство (8 поени)
Шпанија (1 бод)
Израел (0 поени)

Слични содржини