Евтино и брзо: Торта со јогурт и банани

од desk2

Лесен и вкусен десерт идеален за семејно засладување.

СОСТОЈКИ:
500 мл јогурт
200 гр шеќер
400 гр бисквити
1 ванилин шеќер
2 банани
1 кесичка шлаг за фил
чоколадни трошки за украсување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Искршете бисквити на парчиња, додајте шеќер, јогурт и ванилин шеќер, па сè заедно измешајте.
Обложете калап со најлонска фолија и ставете ја смесата во калапот, оставете во фрижидер смесата да стегне.
Извадете ја тортата од калап, внимателно со помош на фолијата, исечкајте банани на половина по должина и ставете ги на тортата.
Подгответе шлаг, па декорирајте ја тортата по желба.

Слични содржини