„Ф2Н2“: Пратеник во обид да ја дезинформира јавноста

од Vladimir Zorba

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Твитер профил објави пост во кој кажува дека на вчерашниот ЕУ Совет 7 членки биле против за датум за преговори со Северна Македонија и Албанија.

Во постот пратеникот има објавено и исечок од слика на која стои наслов: Франција и Гермнаија истурија ладна вода на Балканските надежи за брзо пристапување кон ЕУ. Порталот Република беше прва која ја пренесе оваа дезинформација.

Првично, сликата која пратеникот ја искористил во својот пост не се однесува на вчерашниот совет. Тоа е слика објавена на порталот Financial Times која се однесува на Балканската конференција во Берлин на 29-ти април 2019. Со самото тоа што пратеникот објавил слика од конференцијата во Берлин, а зборува за Европскиот Совет, доаѓаме до заклучок дека неговиот пост е дезинформација, пишува „Ф2Н2“.

Дека на ЕУ Советот сите земји биле согласни за почеток на преговорите изјави премиерот Зоран Заев.

„Ниту една држава не изразила сомнеж дека РСМ ги исполнила сите задачи. Холандија изразила очекување да се донесе Законот за ЈО, но без негативен став и со согласност за почеток на преговорите годинава. Најмногу за нас се бореа: Грција, Австрија, Словенија, Словачка, Луксембург, Унгарија, Романија, Малта, Балтичките држави и Хан. Бугарија крајно позитивно, Франција воздржана со барање на повеќе време за одлука за двете држави. Грција, Австрија, Словенија и Унгарија жестоко позитивно за нас. На крајот, заклучокот е донесен со консензус, сите се ЗА позитивна одлука во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината“.

Слични содржини